Loading Video...
Фудбал
24. October 2017 - 12:01

Роналдо повторно најдобaр

Кристијано Роналдо е избран за најдобар фудбалер во 2017 година. На свеченоста одржана во Лондо, ФИФА ги додели признанијата за најдобрите в0 2017 година. 
 
Португалецот кој имаше одлична сезона во Реал Мадрид, со одбранета титула во Лигата на шампионите и како и трофејот во шпанската Примера, односно УЕФА Супер купот, доби најмногу гласови оставајќи ги зад себе Лионел Меси и најскапиот светски фудбалер Нејмар
 
Ова  е вкупно петата награда за Роналдо со што се израмни со својот најголем конкурент Лионел Меси. 
 
Покрај Роналдо во „Идеалниот тим“ се уште четворица фудбалери на Реал: Серхио Рамос, Марсело, Лука Модриќ и Тони Крос.
 
Меси и Андрес Иниеста ја претставуваат Барселона во чии редови до неодамна настапување и Нејмар,
 
Џанлуиџи Буфон од Јувентус кој беше прогласен за најдобар голман заедно со, Даниел Алвес и Леонардо Бонучи го комплетираат „идеалниот тим“. 
 
Зинедин Зидан е прогласен за најдобар тренер, додека најубавиот гол го постигна играчот на Арсенал, Оливие Жиру со што ја освои наградата „Ференц Пушкаш“