Фудбал
12. November 2018 - 14:37

Роналдо откри што му рекол на Игуаин, откако Аргентинецот збесна за исклучувањето

Аргентинската ѕвезда во Милан, Гонзало Игуаин синоќа ги загуби нервите пред крајот на дербито во Серија А помеѓу „росонерите“ и италијанскиот првак Јувентус, кој го загубија со 0-2. Игуаин беше исклучен за пет секунди по бурните реакции кон судијата, а потоа откако доби црвен картон збудале. Дури и се спречка со Кристијано Роналдо, кој се обиде да го смири.

Аргентинецот едноставо експлодираше, па како разјарен бик се туркаше и се обидуваше да дели своја правда. Едвај соиграчите успеаа да го примират, а во еден момент дојде во контакт и со најголемата ѕвезда на Јуве, Роналдо, со кој заедно играше во Реал Мадрид. Игуаин, дури и Роналдо, почна да го турка.

„Му реков да не претерува, за да не ризикува поголема санкција. Беше баш нервозен. Едноставно ја загуби контролата, но не треба да го обвинувате. Инаку, ништо не кажа“, рече Роналдо по „инцидентот“ со пораншниот свој соиграч.
 
Португалецот го даде вториот гол со кој ја запечати победата на Јуве против Милан во големото дерби и со тоа Јувентус се врати на победничкиот колосек откако шокантно во завршницата загуби од Манчестер јунајтед во средата во Лигата на шампионите.
 
„Среќен сум за победата и за голот. Посебно сум среќен за тимот, зошто денеска игравме добар фудбал, а против Милан никогаш не е лесно да играш на гости. Сега повторно сме шест бода пред Наполи и јас сум презадоволен од настапот“, додал Роналдо.