Loading Video...
Фудбал
23. October 2018 - 18:58

Роналдо: Ќе победиме во Манчестер

Во Лигата на шампионите веќе се игра дуелот помеѓу Јанг Бојс и Валенсија во рамките на Ха-групата.  Секако централен настан вечерва е гостувањето на Роналдо на Олд Трафорд каде Манчестер Ј. ќе го пречека Јувентус.

Многу важен дуел играат вечерва домаќините предводени од Жозе Мурињо кој падна во транс на дуелот со Челзи кога му избега победата во последните моменти од средбата.  И Јувентус имаше свој пад викендов и загуби два бода во дуелот со Џенова.

Затоа останува да лебди во воздухот прашањето ќе може ли Мурињо со својот тим да го изненади тимот на Алегри кој е еден од најдобрите во лигата на шампионите во последните години.  Вниманието посебно го привлекува гостувањето на некогашната ѕвезда на тимот од Манчестер, Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо од заминувањето од Манчестер играше само еднаш на Олд Трафорд и тоа во дресот на Реал Мадрид кога  Шпанците победија со 2-1.

Средбата се игра со почеток во 21ч.