-->
-->
Роналдо ќе го продолжи договорот со Реал
-->
Иако во преден план е осминафиналниот меч на ЕП против Хрватска, сепак португалскиот ас Кристијано Роналдо може да размислува за продолжување на соработката со мадридски Реал.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, на Роналдо кому договорот со Реал му истекува 2018 година, по завршувањето на ЕП во Франција, ќе му биде понуден нов договор со „кралевите“.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез е подготвен на Роналдо да му понуди нов договор, во најмала рака до 2020 година, а според најавите на шпанските медиуми и до крајот на кариерата доколку Португалецот остане со намера да играфудбал до 40-година.
Засега финансискиот дел не се открива, но според некои медиуми во Шпанија, тој нема да биде променет, што значи дека Португалецот и понатаму би заработувал по 21 милион евра годишно, без премиите и бонусите.
Сепак дали плановите на Перез ќе се остварат, покрај Роналдо се прашуваат и Париз сен Жермен и Манчестер Јунајтед екипи кои по финалето во Лигата на шампионите каде триумфираше Реал, изразија желба да го донесеат Португалецот во своите редови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација