-->
-->
Роналдо „измисли“ пенал за победа на Јуве
-->
Кристијано Роналдо со гол од пенал во 95. минута спречи Јувентус да одигра уште еден нерешен натпревар, носејќи 2:1 победа над Џенова и враќање на првото место на табелата во Серија А.
Јуве дојде во водство во 36. минута преку Леонардо Бонучи, но Грифоне, за кои стартер беше Горан Пандев во 41. минута израмнија со среќниот погодок на Куаме. По ова во второто полувреме Џенова доби два црвени картони, но „бјанконерите“ не успеаја да постигнат гол.
Во 90-тата минута, Кристијано Роналдо постигна гол, кој беше поништен од ВАР, пред во 94. минута да издрибла во шестнаесетникот и да примора пенал, кој го реализираше во 95. минута.
Во другите мечеви, Лацио со 4:0 го „растури“ Торино, а Рома со ист резултат славеше на гостувањето кај Удинезе, додека Сампдорија на Клаудио Раниери успеа да извлече поен против Лече (1:1).
СЕРИЈА А, 10.КОЛО
Каљари – Болоња 3:2
Јувентус – Џенова 2:1
Лацио – Торино 4:0
Сампдорија – Лече 1:1
Сасуоло – Фиорентина 1:2
Удинезе – Рома 0:4
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи