Џет-Сет
25. January 2017 - 15:24

Роналдо итно хоспитализиран

Португалскиот  репрезентативец и ѕвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо го напушти својот црн Ламбурџини Авентатор бидејќи не можеше да ја издржи болката во раката. 
 
Роналдо за време на викендот се возел со својот суперавтомобил во друштво со неговата девојка Георгина Родригез, но морач да застане и да побара Брза помош поради силните болки во десната рака. 
 
Потоа бил сместен во возилото на Брзата помош и е пренесен во болница, а автомобилот останал на улица. Подоцна бил кренат со дигалка и однесен во домот на фудбалерот.