Роналдо го официјализираше враќањето во Манчестер јунајтед
Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо денеска официјално стави потпис на двегодишен договор со Манчестер јунајтед и се врати во клубот за кој со голем успех настапуваше од 2003 до 2009 година.
– Манчестер Јунјатед е клуб, кој има посебно место во моето срце, и презадоволен сум од пораките што ги добивам од најавата за трансферот во петокот. Одвај чекам да играм на „Олд Трафорд“ пред полн стадион и повторно да се сретнам со навивачите. Се радувам што ќе му се приклучам на тимот веднаш по репрезентативните настапи и се надевам дека не очекува успешна сезона, порача Роналдо во првата изјава по потпишувањето на договорот.
За трансферот на португалската фудбалска ѕвезда, Манчестер јунајтед ќе му исплати на Јувентус 15 милиони евра во следните пет години, а износот би можел да биде зголемен за дополнителни осум евра во зависност од ефектот на Роналдо во дресот на „црвените ѓаволи“.
Договорот предвидува можност соработката меѓу Јунјатед и Роналдо да биде продолжена за уште една година, до лето 2024 година.
Ново на Сител
-
Македонија и Албанија се разделија на европскиот пат
-
Трамп, сепак, ќе се сретне со Зеленски во Њујорк
-
Бајден обезбеди итна воена помош за Украина вредна осум милијарди долари
-
ЕУ повикува на прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хезболах
-
Во Собранието седници на две комисии
-
Сончево и топло време до утре попладне
-
Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на УНДП
-
Тошковски: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции, дигитализација на процесите за модерна и ефикасна полиција