Македонија
16. August 2015 - 16:34

Ромите ќе се иселат, а спортската сала во Студентскиот дом ,,Стив Наумов‘‘ ќе се догради

Тони ѓубре, шут, смет, лоша миризба, тоалет во секој ќош. Импровизираното живеалиште на 50-тина Роми конечно ќе ја добие својата првобитна намена.

По 14 години општина Гази Баба го решава проблемот со спортската сала во студентскиот дом Стив Наумов. Најпрво им се обезбедува дом на 10 те смејства кои со години го угнетуваа просторот околку себе. На Ромите им било понудено да одат во прифатниот центар Чичино село, но тие категорично одбиле. Прифатиле да се сместат во Шутка и да живеат под кирија. Парите ги обезбедува државата.

-Ние ќе им дадеме еднократна помош колку првиот месец да се снајдат да плата кирија, во меќувреме на сите ќе им обезбедиме документи за да добијат право на користење социјална помош, изјави Љупчо Цветковски-меѓуопштински центар Скопје.

Во 2001-та спорстака сала почнала да ја гради Агенцијата за млади и спорт во соработка со приватен партнер. Тука настанува и проблемот со сопстевноста. Градежните работи запираат, а правдата се бара на суд.

Општина Гази Баба ги презема работите во свои раце, само зато ашто салата се наоѓа на нејзина територија.

-Салата воопшто не е под наши ингеренции, но ние се одлучивме да го решиме проблемот. Судскиот процес е при крај ние се надевам дека тоа многу брзо ќе се реши и салата го добеи посакуваниот изглед но и намена, изјави Тони Трајковски, градоначалник на Гази Баба.

По раселувањето на Ромите и целосното расчистување на сметот околу и во салата општината ќе испрати барање до Владата да се одвојат средства за нејзина доградба и конечно пуштање во употреба.