Ромфеа.гр: Шизматската МПЦ подготвена да ја признае БПЦ за Мајка-црква
Популарниот грчки црковен сајт ромфеа.гр под наслов „Шизматската Македонска црква е подготвена да ја признае Бугарската патријаршија како своја Мајка-црква“, информира за писмото и барањето на МПЦ-ОА за евхаристиско единство со БПЦ со укажување дека тоа ќе предизвика реакции во грчкото општество и во грчката црква.
- Во писмото се говори за воспоставување евхаристиска заедница, но и за историска можност Бугарската патријаршија да биде Црква-мајка на т.н. македонска црква. Неодамна имаше официјални и неофицијални контакти меѓу претставници на БПЦ и на шизматската црква, пишува ромфеа.гр.
Потсетува и на изјавата на поранешниот претседател на Бугарската академија на науките, академик Стефан Воденичаров, кој го повика буграскиот патријарх Неофит „да го преземе местото на духовен татко и да разбере дека е правилно да го поддржи народот во Македонија“. Сепак, како што се наведува во текстот, Светиот синод на Бугарската патријаршија, и покрај апелите и остварените контакти, се плаши да го направи првиот чекор.
- На крај треба да се одбележи и дека бугарскиот патријарх неколкупати официјално ги примаше „шизматиците“, а БПЦ слободно ги користи термините „Македонија и „Македонска црква“, се вели во написот на ромфеа.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи