Ромева: Каталонскиот парламент ќе заседава в понеделник
Каталонскиот парламент ќе заседава в понеделник, изјави денеска каталонскиот секретар за надворешни работи и институционални односи Раул Ромева.
– Парламентот ќе одржи седница и ќе расправа. Ќе има дебата и тоа е важно, изјави Ромева за Би-Би-Си.
Тој смета дека кризата во намерата на Каталонија да прогласи независност ќе биде решена со политики, а не судски мерки.
Шпанскиот Уставен суд објави дека треба да биде суспендирана седницата на каталонскиот парламент на која се планира прогласување независност на Каталонија од Шпанија. Тоа според претседателката на парламентот на Каталонија Карме Форкадељ „наштетува на слободата на изразување и правата на иницијативи на членовите на парламентот“.
– Тоа само покажува како судовите се користат за решавање политички проблеми, изјави Форкадељ.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата