Романскиот суд ја „избриша“ Стеауа!!!
Најтрофејниот романски клуб и поранешен европски првак, Стеауа повеќе не постои! Ова е одлуката на Врховниот суд на Романија кој пресуди во корист на Министерството за одбрана.
Овој случај по тужбата на Министерството за одбрана долго се влечеше низ сусдските лавиринти, а пресудата која Врховниот суд ја донесе во четвртокот е конечна.
Клубот повеќе не смее да го носи името Стеауа, а исто така нема да може да се натпреварува во Првата лига на Романија.
„Се е готово, Стеауа повеќе не постои! Не знам што ќе биде во иднина и како ситуацијата ќе се развива“, изјавил неименован клупски функционер.
Романските медиуми наведуваат дека новото име на клубот ќе биде ФЦСБ и дека новиот субјект ќе започне од нула, односно ќе започне да се натпреварува во четвртата романска лига, најверојатно уште од наредната сезона.
Стеауа од основањето има освоено 26 шампионски титули во Романија и рекордни 22 титули во Купот. Од наведените трофеи, по падот на комунистичкиот режим клубот бил 12 пати шампион и шест пати освојувач на Купот.
Најголемиот клупски успех датира од сезоната 1985/1986 кога Стеауа стана европски шампион.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост