Балкан
15. January 2021 - 11:11

Романскиот претседател Јоханис ја прими вакцината против Ковид-19

 

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска ја прими вакцината против коронавирусот.

Откако го напушти центарот за вакцинација во болницата „Керол Давила“, Јоханис изјави дека вакцината е безбедна и додаде дека имунизацијата и третманот во согласност со рестриктивните мерки ќе ги „извлечат“ луѓето од пандемијата, пренесува Аџерпрес.

-Тоа е едноставна процедура, не боли и сакам да истакнам дека оваа вакцина е безбедна, ефикасна и им препорачувам на сите да се вакцинираат, рече Јоханис.

Втората фаза од кампањата за вакцинација против Ковид-19 во Романија почна денеска, а вестите во Аџерпрес не прецизираат која вакцина ја примил Јоханис.