Романот „Рута Таненбаум“ од Миљенко Јерговиќ објавен на македонски јазик
Издавачката куќа Бегемот го објави романот „Рута Таненбаум“ од хрватскиот писател Миљенко Јерговиќ на македонски јазик. Преводот е дело на Ѓоко Здравески.
Романот „Рута Таненбаум“ (2006) е одликуван со наградата „Меша Селимовиќ“ (2007) за најдобар роман на територијата на Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Црна Гора.
- Веста за Рута Таненбаум, миленичката на предвоената загрепска театарска сцена, допира дури до Хитлер. Сепак, по создавањето на независната држава Хрватска во 1941 година, Рута еден ден се буди како обична Еврејка и нејзиниот живот драстично се менува... Фабулираната биографија на хрватската Ширли Темпл истовремено е прониклива студија на загрепското малограѓанство. Јерговиќ ги става под лупа душите на обичните луѓе, кои одеднаш стануваат крвожедни усташи, а тогаш на местото од добронамерната иронија и хуморот доаѓа автентичниот гнев, соопшти издавачката куќа Бегемот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица