Македонија
9. January 2017 - 11:48

Романот „Домот во кој...“ од Маријам Петросјан на македонски јазик

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Домот во кој...“ од руско-ерменската писателка Маријам Петросјан, преведена на македонски од Ѓорѓи Крстевски.

Книгата зборува за едно момче што ќе биде одведено во дом за деца со посебни потреби, но домот е многу повеќе од дом за деца со посебни потреби, тоа е еден засебен универзум, а штитениците на домот не се лица со посебни потреби, туку тоа се лица со посебни можности.

Романот е објавен со поддршка на Институтот за книжевни преводи на Русија.

Маријам Петросјан (1969) е руска писателка со ерменско потекло. Родена е во Ереван, каде што работела во филмското студио „Ерменфилм“. Нејзиниот прв роман „Домот во кој...“ станал бестселер уште со појавувањето во 2009 година, а таа ја освоила книжевната награда „Руска премија“, која им се доделува на автори што пишуваат на руски јазик.