Романија: Владејачката коалиција поднесе барање за гласање на недоверба за Владата
Романската владејачка коалиција денеска поднесе барање за гласање на недоверба за Владата на Романија.
Барањето беше прочитано во романскиот Парламент од страна на сенаторот од владејачката
Пратениците и сенаторите од СДП и Алијансата на демократите и либералите (АЛДЕ) се собраа денеска со цел да биде поднесено барањето за гласање на недоверба на Владата на романскиот премиер Сорин Гриндеану, иницирано од владејачката коалиција на СДП и АЛДЕ.
Гласањето ќе биде одржано во среда.
Романската владејачка коалиција минатата недела ја повлече поддршката за премиерот Сорин Гриндеану со образложение дека оценката за работата на Кабинетот е незадоволителна.
Сепак, Гриндеану одби да поднесе оставка.
По повлекувањето на поддршката за романскиот премиер, сите министри од романската Влада ги депонираа свои оставки.
Првично беше најавено дека барањето за гласање на недоверба на романската Влада ќе биде поднесено во понеделник.
Се очекува гласањето да биде успешно, бидејќи СДП и АЛДЕ имаат мнозинство во романскиот Парламент.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација