Балкан
12. јуни 2017 - 14:17

Романија: Се урна воен авион „МиГ21“

Романски воен авион се урна денеска во поле со жито во близина на црноморското пристаниште Констанца, соопштија официјални лица.

Пилот катапултира, а нереќата се случила во текот на тренажниот лет, пренесува Танјуг.

Портпаролот на аеродромот „Михаил Когалничен“ Адријан Јига рече дека е во прашање „МиГ 21“ кој се урна по слетувањето.

Јига наведе дека пилотот не е во свесна состојба, и не може да даде детали за неговата состојба.

Пожарникарите се упатени на местото на падот на авионот да го угасат пожарот.