Романија се подготвува да ги амнестира корумпираните политичари
Романскиот министер за правда, Тудорел Тоадер, вчера потврди дека се подготвува итно усвојување на законот за амнестија за корупција, Брисел изразува загриженост, јави дописничката на МИА од Брисел.
Предлог-законот за амнестија на корупција ќе го засегне шефот на владејачката социјалдемократска партија, Ливиу Деагнеа, кој е два пати осуден за измами и корупција, поради кои осуди не смееше да седне во премиерското столче.
Се оценува дека околу дваесет лица, политичари, бизнисмени, пратеници, ќе се обидат да добијат амнестија откако ако помине законот.
Граѓанското општество, но и група судии предупредуваат дека законот не треба да биде усвоен и дека е потребна претходна јавна дебата на оваа тема. Доколку законот помине, се подготвуваат повторно протести, најавуваат граѓанските организации.
Европската Унија од почеток изразува голема загриженост поради овој потег на романската влада која претседава со ЕУ до јуни и предупредува дека амнестијата претставува напад врз владеењето на правото во Романија, каде последниве месеци постојано ЕУ констатира демократско назадување.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица