Свет
8. February 2017 - 18:57

Романија: Јоханис ги пофали демонстрантите

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави денеска дека борбата за спречување на корупцијата во неговата земја го вади на виделина „грозното лице на политиката“. 

Тој ги пофали демонстрантите кои протестираaт со цел да го блокираат контроверзниот декрет на романската Влада со што се ублажуваат мерките против политичарите кои ја злоупотребиле власта. 

Јоханис истакна дека масовните улични протести успеале засега да го запрат декретот за декриминализација на некои случаи на злоупотреба на службена должност, што ги прави безвредни напорите за борбата со корупција. 

Романскиот претседател изрази задоволство што демонстрантите се грижат за иднината на Романија и го изразуваат нивното мислење преку мирни протести. 

- Бев изненаден од бројот на демонстранти. Собирањето на 200.000 лица на Плоштадот на победата е нешто исклучително, наведе Јоханис.