Loading Video...
Спорт плус
10. November 2018 - 16:56

Романецот Вицул победник на ревијата „Златен гонг“

Думитру Вицул од Романија е најдобриот боксер на боксерската ревија Златен Гонг што денеска заврши во Скопје.

Вицул во финалето на 48-то издание остави одличен впечаток совладувајќи го со 3-0 македонскиот боксер Октај Фератов во категоријата до 75 килограми.

Најдобар македонски боксер е Јасин Лама, а признание за борбеност доби  Патриот Бехрами од Косово, додека Бојо Асенов од Бугарија е најдобар техничар. Титулата најдобар  странски боксер му припадна на  Дамјан Грмуша од Србија. Томо од Србија е најдобар тренер, а од Лајтиф Демоли од Косово е најдобар судија.