Loading Video...
Спорт плус
10. November 2018 - 16:56
Романецот Вицул победник на ревијата „Златен гонг“
Думитру Вицул од Романија е најдобриот боксер на боксерската ревија Златен Гонг што денеска заврши во Скопје.
Вицул во финалето на 48-то издание остави одличен впечаток совладувајќи го со 3-0 македонскиот боксер Октај Фератов во категоријата до 75 килограми.
Најдобар македонски боксер е Јасин Лама, а признание за борбеност доби Патриот Бехрами од Косово, додека Бојо Асенов од Бугарија е најдобар техничар. Титулата најдобар странски боксер му припадна на Дамјан Грмуша од Србија. Томо од Србија е најдобар тренер, а од Лајтиф Демоли од Косово е најдобар судија.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->