Loading Video...
Фудбал
10. јуни 2021 - 17:59

Романците дозволија повеќе публика, Холанѓаните не дозволуваат влез за македонските граѓани

Црвено-жолтите во Романија на дуелите со Австрија и Украина ќе имаат сериозна поддршка од трибините. 

Романските власти донесоа одлука, со која е дозволена 50% исполнетост на националната арена, но засега нема потврда за тоа од УЕФА која според протоколите дозволи само 33% искористеност на капацитетот на стадионот. 
 
Но. За дуелот против Холандија во Амстердам бројката македонски навивачи најверојатно ќе биде помала. 
 
Како што информираа од холандската амбасада во Скопје, нашата земја се уште е на листата на држави за кои е забранет влез поради ковид-19, па оние љубители на фудбалот кои обезбедија влезници за натпреварот Холандија – Македонија сепак нема да можат да ги искористат, односно да патуваат во Амстердам. 
 
„Ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Македонија) е сѐ уште во сила. Може да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната за патување“, стои во соопштението на холандската амбасада во Македонија.
 
Сепак, веројатмоста е голема дек Македонија сепак ќе има поддршка од трибините, од оние Македонци кои живеат и работат низ Европа, а кои ќе успеат да обезбедат влезници за дуелот закажан за 21 јуни во Амстердам.