Фудбал
17. December 2017 - 10:21

Рома во 94-минута го скрши отпортот на Каљари

 Фудбалерите на Рома со гол во 94-тата минута го совладаа Каљари со 1-0 во меч од 17.коло на Серија А. 
 
Домаќините важеа за фаворити и создаваа шанси, а првата голема да го отворат резултатот ја пропушти Пероти кој во 53-тата минута не успеа да реализира пенал. 
 
Долгиот притисок и опсадата на голот на гостите конечно резултираше со погодок и тоа во последните мигови од средбата. 
 
Се играше четвртата минута од судиското дополнение (90+4) кога Аргентинецот, Федерико Фацио успеа да го совлада гостинскиот голман, за голема радост на фудбалерите, но и навивачите на Рома пристутни на „Олимпискиот стадион“. 
 
 
Со новите бодови Рома сега има 38 вкупно, со што се доближи до водечката тројка на табелата, но „римската волчица“ има и натпревар помалку во однос на конкурентите. 
 
Нов лидер на табелата е Наполи кој го искористи киксот на Интер по поразот од Удинезе дома (1-3), па наполитанците со победата над Торино на гости со 3-1 сега се на првата позиција со два бода повеќе од Интер. 
 
Шампионот Јувентус е трет со 38 бодови, но „старата дама“ попледнево ќе го одигра својот дуел од оваа рунда и тоа на гости против Болоња.