Фудбал
13. February 2016 - 12:14

Рома убедливо славеше победа против Капри

 
  Фудбалерите на Рома забележаа убедлива победа од 3:1 на гостувањето против Капри во натпреварот од  25.коло во фудбалското првенство на Италија, одигран синоќа. 
 
Головите за Рома ги постигнаа: Лукас Дигне (56-минута), Един Џеко (84) и Мохамед Салах (85), додека стрелец на голот за Капри беше Кевин Ласања (61).
 
Во првиот меч одигран во петокот, Лацио славеше убедлива победа над Верона со 5:2.
 
За денеска закажани се дуелите: Емполи – Фрозиноне, 
Киево – Сасуоло и дербито меѓу Јувентус – Наполи.
 
Останатите пет натпревари на програмата се утре, а во нив ќе играат: Милан – Џенова, Палермо – Торино, Сампдорија – Аталанта, Удинезе – Болоња и Фиорентина – Интер. 
 
Табела: Наполи 56 бодови, Јувентус 54, Рома 47, Фиорентина 46, Интер 45, Милан 40 ...