Фудбал
10. March 2018 - 9:33

Рома пресилна за Торино

Фудбалерите на Рома го совладаа убедливо Торино со 3-0 во воведниот меч од 28. коло во Италија.

Сите три гола беа постигнати во вториот дел а серијата ја отвори Костас Манолас  во 56. минута од мечот . На 2-0

зголеми Даниеле де Роси  по една неуспешна офсајд стапица на гостите во 73. минута, пред Лоренцо Пелегрини во 93. минута да стави печат на убедливата победа по брза контра на „волчицата“.

Со победата, Рома останува на третото место во Италија со 56 поени, 12 помалку од второпласираниот Јувентус и 13 помалку од лидерот Наполи (кого го совладаа во минатото коло). За Торино ова е трет пораз во низа и тимот останува на 9. место со 36 поени.