Loading Video...
Фудбал
17. January 2020 - 11:22

Рома последен патник во четвртфиналето на Копа Италија

Екипата на Рома е последниот патник во четвртфиналето на фудбалскиот куп на Италија
 
Место меѓу осумте најдобри во Копа Италија фудбалерите на Рома обезбедија со победата над Парма на гостински терен со 2:0, меч во кој двата гола на „волчицата„ ги постигна Лоренцо Пелегрини. 
 
Рома во четвртфиналето број два, закажано за 22 јануари ќе гостува кај Јувентус, додека во првото на 21 јануари Наполи на Елиф Елмас го пречекува Лацио. 
 
Преостанатите два четвртфинални дуели Милан – Торино и Интер – Фиорентина на програмата се на 28 и 29 јануари. 
 
Финален натпревар годинава ќе се игра на „Олимпико“ во Рим во мај.