Фудбал
20. January 2017 - 10:31

Рома последен четвртфиналист во Купот на Италија

 Екипата на Рома е последниот тим кој обезбеди пласман во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Италија. 
 
Ова откако синоќа фудбалерите на Рома пред својата публика на „Олимпико“ во Рим, славеа убедлива победа во дуелот против Сампдорија со 4:0, во последнот натпревар од осминафиналето на „Копа Италија“.
 
Рома за противник во четвртиналето ќе ја има екипата на Чезена. 
 
Останатите три четвртфинални парови ги сочинуваат,  Неапол – Фиорентина, Интер – Лацио и Јувентус – Милан дуел кој практично е реприза на минатогодишното финале.