Фудбал
13. February 2016 - 9:27

Рома победи во Карпи

Фудбалерите на Рома како гости го совладаа Карпи со 3:1, во вториот натпревар од 25.коло во Серија А. Рома со четвртата победа во низа се искачи на третото место на табелата со 47 бодови, додека Карпи е препоследен со само 19 бодови.
 
Рома до гостинската победа ја предводеше Мохамед Салах по чии асистенции беа постигнати првите два гола, а потоа тој стави точка на мечот.
 
Салах му асистираше на Дињ за 0:1 во 56.минута, но само пет минути подоцна Ласањи успеа да израмни.
 
Во последните пет минути римјаните стигнаа до победата, Џеко во 85.минута погоди по асистенцијата на Салах и го прекина голгетерскиот пост, а потоа Египќанецот во наредната минута стави точка на натпреварот.  
 
Во четвртокот, во првиот меч од 25.коло, Лацио славеше над Верона со 5:2, а останатите мечеви ќе се одиграат викендов, а во центарот на вниманието е дербито помеѓу Јувентус и Наполи.
 
На другите натпревари ќе играат: Емполи-Фрозиноне, Киево-Сасуоло, Милан-Џенова, Палермо-Торино, Сампдорија-Аталанта, Удинезе-Болоња, Фиорентина-Интер.