Фудбал
26. October 2015 - 8:30

Рома победи во Фиренца и изби на врвот

Фудбалерите на Рома победнички минаа низ Фиренца и по деветтото коло се искачија на лидерската позиција во Серија А. Рома на „Артемио Франки“ ја совлада Фиорентина со 2:1.
 
Римјаните до триумфот дојдоа во првото полувреме кога најпрвин екс играчот на Фиорентина, Салах погоди во седмата минута, а во 34-та Жервињо ја удвои предноста. Во самиот финиш на натпреварот, во 94-та минута Бабакар го постигна почесниот гол за домаќинот.
 
Рома по девет натпревари е лидер со 20 бодови, два повеќе од Фиоретина, Интер и Лацио кој со 3:0 славеше над Торино.
 
Резултати:
 
Сампдорија-Верона 4:1
 
Јувентус-Аталанта 2:0
 
Милан-Сасуоло 2:1
 
Удинезе-Фрозиноне 1:0
 
Фиорентина-Рома 1:2
 
Лацио-Торино 3:0
 
Емполи-Џенова 2:0
 
Карпи-Болоња 1:2
 
Палермо-Интер 1:1.