Фудбал
10. May 2022 - 10:28

Рома ги губи шансите за Лига Европа

Фудбалерите на Фиорентина ја совладаа Рома со 2:0 и ставија крај на лошата серија од три порази. Уште на стартот „виолетовите“ обезбедија предност која ја чуваа до крајот на дуелот.
 
Нико Гонзалес во петтата минута погоди од пенал, а само шест минути подоцна Џакомо Бонавентура го постигна вториот гол за домашниот тим.
 
По овој триумф, Фиорентина се наоѓа на седмата позиција со 59 бода, колку што има и вечерашниот ривал Рома.