Тенис
24. May 2016 - 17:07

Ролан Гарос: Победи за Мареј, Надал, Ѓоковиќ во 1.коло

Вториот носител на Ролан Гарос Енди Мареј по пет сета игра успеа да се пласира во второто коло откако со 3:2 во сртови го победи Радек Степанек. Мареј во мечот кој почна вчера беше во негатива од два сета и губеше со 2:0, но сепак успеа да се врати и во решавачкиот сет беше 7:5 за Британецот.

За разлика од Мареј, четвртиот носител Рафаел Надал беше убедлив на стартот и во 1.коло на Сем Грот му препушти само три гема (во сите три сета по еден). 

Во второто коло се пласира и првиот носител Новак Ѓоковиќ, кој со 3:0 во сетови (6-4;6-1;6-1) го победи Лу. 

Пласман во следната рунда обезбедија од фаворитите Томаш Бердих и Џон Изнер.