Тенис
3. јуни 2017 - 8:46

Ролан Гарос: Маестрално издание на Надал

Рафаел Надал експресно избори пласман во четвртото коло на Ролан Гарос. Во третата рунда Шпанецот го декласира Николоз Басилашвили со 6:0, 6:1, 6:0.
 
Деветкратниот освојувач на Ролан Гарос, од првиот до последниот поен, со својата игра направи Грузиецот да изгледа како рекреативец.
 
Шпанецот за 90 минути игра мина низ третото коло, а во наредната рунда го очекува дуел со сонародникот Роберто Баутиста-Агут, кој исто така со максимален резултат го порази Чехот Јиржи Весели.