Ролан Гарос: Барти и Вондроушова во женското финале
Австралиската фаворитка Ешли Барти и чешката тинејџерка Маркета Вондроушова се пласираа во финалето на „Ролан Гарос“, каде што двете тенисерки ќе се борат за својата прва гренд слем титула.
19-годишната Вондроушова имаше едноставен пат до финалето кога со 7:5/7:6(2) ја совлада Британката Џоана Конта, а Барти спречи дуел на две тинејџерки во финалето кога во драматичен меч со 6:7(4)/6:3/6:3 ја победи американската сензација Аманда Анисимова.
Барти почна фуриозно кога поведе со 5:0 во првиот сет, но Анисимова успеа да направи неверојатен пресврт да обезбеди тај-брејк и водство во првиот сет. Сепак, искуството на Австралијката го направи своето и таа беше постабилна во следните два сета за да се пласира во финалето.
Денеска, на програмата на „Ролан Гарос“ се и двете машки полуфиналиња, вечниот дуел Роџер Федерер-Рафаел Надал и мечот на светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ, и минатогодишниот финалист Доминик Тим.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра