Македонија
13. October 2016 - 16:34

Роковите течат, пратениците дебатираат - Кој бега од избори!?

Вчера преку прес конференции, денеска од собраниската говорница. На првиот ден во уставниот рок за распуштање на Собранието пратениците во остра дебата. Кој бега од избори

На денешната седница, пратеникот Павле Трајанов повторно се обиде да ги стави на дневен ред законите за СЈО кои претходно му беа одбиени на СДСМ. Мнозинството го одби овој предлог по што СДСМ, ја напушти седницата.

На иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ вчера падна договор за распуштање на Собранието. СДСМ бараше тоа да се случи веднаш, но спикерот Вељаноски веќе ја имаше закажано седницата на која треба да почне расправата за донесување на Буџетот, а иницијативата за распуштање на Собранието ја стави на истата седница како втора точка на дневен ред. Пратениците ќе се состанат во понеделник на 17 октомври. Веднаш штом ќе биде донесен Буџетот, ќе се гласа и за крај на мандатот на овие пратеници. Согласно деловникот, расправата за буџетот не може да трае подолго од 5 дена, што значи дека Собранието би се распуштило најдоцна до 22 октомври.
За да се одржат изборите на 11 декември, законот вели дека Собранието мора да се распушти најдоцна до 27 октомври.