Македонија
13. February 2017 - 16:13

Роковите течат, партиите тактизираат во преговорите за нова влада

ДУИ сеуште нема добиено писмени гаранции од СДСМ за прифаќање на албанската Платформа. Од партијата на Ахмети остануваат категорични дека без гаранции ставени на хартија Заев нема да добие поддршка за добивање на мандатот од претседателот Иванов.

Од СДСМ велат дека ид енеска траат внатре партиските консултации. Демантираа дека писмените гаранции се веќе подготвениз а испорака до мала речица. Велатд ека до овој момент партијата нема дефинирано конечен документ.

И работните групи за преговори на двете партии се во мирување. Се чека на гаранциите кои ДУИ ги побара а Заев најави дека ќе ги даде.

ОД ВМРО-ДПМНЕ се со познат став дека излез од пост изборната политичка криза се само нови избори. Ова во последното телевизиско интервју го потврди и лидерот на партијата.

Стенд ап: Два месеци по парламентарните избори Македонија е без нова влада. Еврокомесарот Јоханес Хан по средбите со политичките лидери порача дека не треба да се брза за партиите да донесат квалитетни одлуки во интерес на земјата.