Македонија
20. March 2019 - 16:45

Рокот за чипирање на кучињата продолжен до крајот на годинава

Се продолжува рокот за бесплатна идентификација и регистрирање на домашните миленици. Крајниот датум е 31 декември. Првиот човек на АХВ вели дека ова е дел од тригодишната стратегија за справување со неодговорното сопствеништво и бездомните кучиња.  

Се зголемуваат и казните за оние сопственици кои нема да ги идентификуваат своите домашни миленици.

АХВ има набавено 100.000 микорчипови, кои се наменети за евидентирање на сите домашни миленици, чијашто бројка изнесува околу 49.000. Досега се чипирани околу 20.000.