Рокот на истечените пасоши продолжен до 31 декември
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави дека патните исправи кои истекуваат после 31 јули, ќе важат до 31 декември 2021 година.
„Одлична вест за нашите граѓани во странство. Собранието на Република Македонија тукушто ги помина измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Македонија со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува после 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021. Со тоа конечно им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините, и другите отежнати услови, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи. Продолжуваме понатаму и со проектот за е-конзулат, со мобилни базни станици, со кои наскоро целосно и долгорочно ќе го затвориме прашањето за издавање патни исправи во странство“, напиша Османи.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители