Живот
8. May 2018 - 20:08

Рокфелеровата колекција на аукција: Половина милјарда се очекува од продажбата на Пикасо, Моне, Гоген

Уметничка колекција на милијардерот Дејвид Рокфелер, во која се наоѓаат и дела на Пабло Пикасо, Клод Моне и Џорџија О’Киф, денеска е ставена на аукција во просториите на Кристи‘с.

Се очекува заработката од наддавањето да достигне 500 милиони долари, кои потоа ќе бидат проследени до бројните филанторпи кои Рокфелер и негова сопруга Пеги ги поддржуваа додека беа живи.

Вечерашната аукција ќе биде фокусирана на 19. и 20. век, а меѓу предметите ќе се најдат и дела на Пол Гоген и Анри Матис. Утре вечер ќе бидат понудени дела на американските уметници Вилем де Кунинг, Едвард Хопер и Џон Сингер Сарџент.

Дејвид е внук на Џон Рокфелер, и почина во март 2017, на 101 година. Со Пеги беа во брак повеќе од 50 години, а таа почина во 1996 година.

Двојката собираше голема колекција на уметнички дела, мебел, керамички предмети и предмети од претходните генерации на Рокфелерови.

Вечерашната аукција ќе биде фокусирана на 19 и 20 век, а меѓу предметите ќе бидат и остварувањата на Пол Гоген и Анри Матис.

Утре вечер фокусот ќе биде на остваруивањата на американските уметници Вилем де Кунинг, Едвард Хопер и Џон Сингер Сарџент.