Loading Video...
Спорт плус
1. August 2021 - 15:41

Рохас со Светски рекорд до олимпиското злато во три-скок

Јулимар Рохас од Венецуела е јунакот на денот во атлетиката. Таа во дисциплинат трискок до златниот медал стигна соборувајќи го Светскиот рекорд стар 26 години. 
 
Рохас во третата серија го сруши и олимпискиот и најави дека е главен фаворит за златото, а тоа го потврди во последната серија прескокнувајќи 15 мести и 67 сантиметри, што е за дури 17 сантиметри подобар резултат од остварувањетоп на Инеса Кравец во 1995 година. 
 
Кинеската атлетичарка Гонг Лиао го освои златото во фрлање ѓуле. Таа во последната серија фрли 20,58 метри што беше повеќе од 1 метар и 21 сантиметар повеќе од Американката, Равен Саундерс. Бронзата и припадна на Валери Адамс (19,62 метри) од Нов Зеланд. 
 
Во скок во височина во машка конкуренција беа поделени два златни медали. Со идентично прескокнати 2.37 метри и со исти серии, најсјајниот медал го поделија Италијецот Џанмарко Тамбери и светскиот првак од Катар, Мутаз Ешам Баршим. Иако и Белорусинот, Недасеков ја прескокната истата висина, но поради послаба серија на крајот мораше да се задоволи со бронзениот медал.
 
Големо изненадување приреди италијанскиот атлетичар, со америуканско потекло, Ламонт Марсел Џејкобс кој победи во спринот на 100 метри со време 9,80 секунди, оставајќи ги зад себе Американецот, Фред Керли и Андре Де Грасе од Канада.