Свет
9. April 2017 - 14:40

Рохани со поддршка за Асад и осуда за американскиот напад врз сириска воена база

Претседателот на Иран, Хасан Рохани во денешниот телефонски разговор со сирискиот колега Башар ал Асад, изрази поддршка на Дамаск во борбата против тероризмот и го осуди нападот на САД врз сириската воена база како нарушување на суверенитетот на Сирија.

- Сирискиот народ и војска се одлучни во тоа да го уништат тероризмот на територијата на Сирија, истакна Асад при тоа заблагодаруваќи му се на Иран за поддршката за „сириската нација“.

Русија и Иран на Асад му обезбедија воена поддршка во борбата против бунтовничките групи.