Рохани: Нападот врз Саудиска Арабија е легитимна одбрана
Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави синоќа дека неодамнешните напади со дронови врз саудиските нафтени постројки биле „легитимна одбрана и контранапад“ на војната која коалицијата предводена од Ријад ја води во Јемен.
Иранската телевизија ја пренесе изјавата на Рохани од Анкара, каде тој се наоѓа на трилатерланата средба со своите колеги од Русија и Турција.
– Во врска со нападот со дронови, коренот на проблемот е во инвазијата врз Јемен. Тие секојдневно го бомбардираат Јемен, наведе иранскиот претседател.
Одговорноста за саботниот напад со дронови ја презедоа јеменските шиитски бунтовници од племето Хути, иако во еден дел меѓународната заедница се фрла сомнеж дека дроновите биле испратени од Јемен.
Саудиска Арабија и нејзините сојузници во Јемен интервенираат од пролетта 2015 година.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители