Свет
29. October 2017 - 10:16

Рохани: Иран ќе продолжи со изработка на ракети

Иран ќе продолжи со изработка на ракети за своја одбрана и не смета дека тоа е каква било повреда на меѓународните договори, изјави денеска претседателот на Иран Хасан Рохани.

Во обраќање преку Иранската телевизија, Рохани рече дека „Иран израборувал, изработува и ќе продолжи со изработка на ракети и оти тоа не ги крши меѓународните договори“.

Иранската Исламистичка револуционерна гарда соопшти минатата недела дека ќе ја забрза својата програма за балистички ракети и покрај притисоците од САД и ЕУ да биде прекината.

Администрацијата на Трамп воведе нови унилатерлани санкции поради иранската програма и повика Техеран да прекине со развојот на ракети способни да носат нуклеарни бомби.