Loading Video...
Свет
22. July 2018 - 21:26

Рохани до Трамп: “Не си играјте со опашката на лавот, ќе зажалите”

Иранскиот претседател Хасан Рохани упати предупредување до американскиот претседател Доналд Трамп, со порака “САД да не си игра со опашката на лавот бидејќи ќе зажалат”. Додаде дека „Америка треба да знае дека мирот со Иран е мајка на секој мир, а војната со Иран е мајка на сите војни“. Ајатолахот Али Хамнеи пак изјави дека преговори со САД би биле „очигледна грешка", оценувајќи дека Вашингтон е некредибилен, бидејќи неговата земја не би можела да се потпре на зборот, ниту пак на потписот на Американците, па затоа преговорите со Америка не би биле од никаква корист.Тој го поддржа и предлогот на Рохани за евентуална блокада на извозот на нафта од земјите од Персиски Залив доколку се блокира иранскиот извоз на нафта.