Балкан
13. January 2016 - 8:39

Рогозин: Ширењето на НАТО на Балканот е „опасен процес“

Русија има негативен однос кон ширењето на НАТО на Балканот, на што гледа како на „опссен и провокативен процес“, изјави рускиот заменик-премиер Дмитриј Рогозин во интервју за белградскиот весник „Политика“.

Како што јави Танјуг, Рогозин, кој вчера допатува во посета на Белград, оценува дека „ширењето на НАТО кон Црна Гора и потенцијално кон Македонија, отвора сериозни прашања пред Русија“.

- На тоа ширење ние гледаме како на опасен и провокативен процес и секако не можеме да не реагираме. Кон тој порцес се однесуваме категорично негативо, истакнува Рогозин во интервјуто.

Тој нагласува дека тврдењата на НАТО оти тој не претставува закана за никого и дека е само одбрамбен сојуз кој им носи поголема безбедност на неговите членки, претставува само „пропагандистичка формула“.

- Нивната пропаганда има за цел да го одвлече вниманието од реалните проблеми што ги предизвикува ширењето на НАТО. Дали испораката на балистички ракети на Хрватска ќе и донесе на оваа земја поголема безбедност, прашува Рогозин во интервјуто за „Политика“.