Свет
1. јуни 2017 - 19:51

Рогозин демантира дека е потпишан договор со Турција за ракетните системи С-400

Рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин ги демантира информациите дека Москва потпишала договор со Анкара за испорака на ракетните системи С-400, пренесе ТАСС.

-Не, кажа Рогозин, одговарајќи на прашање од новинарите на оваа тема.

Турција и Русија водат интензивни преговори за купување руски ракетни системи С-400 и ги разгледуваат техничките аспекти и цената, во текот на мај изјави турскиот министер за одбрана Фикри Јашак во интервју за турскиот ТВ канал НТВ.

На преговорите во Сочи (на 3 мај) претседателите на Турција и Русија ја разгледаа оваа тема.

-Сега ние ги активиравме преговорите за некои технички детали и цени. Откако прашањето за цената ќе се реши, нашите лидери  - претседател и премиер, ќе ја донесат конечната одлука, посочи Јашак.