-->
-->
Родригез во Баерн
-->
Фудбалерот на мадридски Реал, Хамес Родригез е блиску до трансфер во Баерн, објави колумбиската телевизија Карасол.
Хамес Родригез во текот на сезоната и во преодниот рок најесто се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, Челзи и ПСЖ, но телевизијата Карасол тврди дека тој за сума од околу 80 милиони евра ќе се пресели Минхен.
Колумбиецот изминатата сезона не успеа да се наметне кај Зинедин Зидан, поради што самиот побарал трансфер. Реал нема да се противи на неговиот трансфер, но само доколку успее да извлече 80 милиони евра.
Како што пренесе телевизијата, Баерн, на чие чело е Карло Анчелоти, ќе биде следната дестинација на Колумбиецот.
Инаку, Родригез, во 2014 година простигна во Реал чии тренер беше Анчелоти. Во првата сезона во „кралскиот тим“ тој на 46 натпревари имаше ефект од 17 голови и 18 асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители