-->
-->
Родригез неизвесен за понатамошен настап на Копа Америка
-->
Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез е неизвесен за настап на понатамошниот тек на фудбалскиот шампионат на Јужна Америка.
Колумбија со победа над домаќинот САД со 2:0 го започна 45-то издание на Копа Америка, а Родригез беше стрелец на вториот гол за Колумбијците.
Сепак, фудбалерот на Реал Мадрид кој зад себе имаше лоша сезона во „Кралскиот тим’’ во вториот дел незгодно падна на левата рака, по што веднаш побара помош од лекарскиот тим на колумбиската селекција.
Не сакајќи повеќе да ризикуваат од стручниот тим решија Родригез да го повлечат од теренот. Родригез имал истегнување на лигаментите на рамото, и тоа е мобилизирано. Засега тој поштеден од тренинзите, а ќе бидат извршени и дополнително снимки по кои ќе се знае дали Родригез ќе може да продолжи да игра на Копа Америка
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан