Живот
6. September 2018 - 21:40

Роднините сакаат да жртвуваат дете со 24 прсти во ужасен ритуал: Родителите избезумени, не го пуштаат на училиште

Родителите на дете (12) од Индија ја замолија полицијата да го заштити нивниот син од роднините кои сакаат ритуално да го жртвуваат зошто има по 6 прсти на секое стапало и дланка.

На малиот Шинавадан од село во сојузната држава Утар Прадеш семејството му се заканува со смрт затоа „маѓепсник“ им рекол дека жртвувањето на детето им гарантира цел живот во изобилство и богатство.

„Престанавме да го пуштаме на училиште и побаравме помош од полицијата, рече таткото.

Полицијата соопшти дека органите на редот ќе се позанимаваат со случајот.

-Ќе спроведеме истрага, но нема да дозволиме на детето да му се ускрати образованието. Бидејќи семејството е сиромашно, трошоците за образование ќе ми бидат доставувани мене додека трае истрагата, соопшти командирот на државната полицијата.

Јавноста во земјата е огорчена и бара казна за тн. маѓепсник како и построги закони против насилството над децата.