Македонија
30. September 2020 - 16:48

Родителите во неизвесност како ќе се одвива целодневната настава

И за време на продолжената настава децата ќе мора да носат цело време маски кога се во училница. Ќе можат да ги извадат само кога ќе јадат или се надвор во училишниот двор. Според препораките од Комисијата за заразни болести сите ова значи сите ученици кои 8 часа ќе бидат во училиште за тоа време треба да имаат заштита на лицата. За педијатрите долготрајното носење маска од страна на децата на 6 години воопшто не е добро за нивното здравје. Ќе бидат во ризик од останатите сезонски заболувања, а недостигот на кислород ќе се одрази на сите органи. Последиците ќе ги почувствуваат понатаму во животот.  

-Влажноста на маската ќе биде убаво место да се развиваат дополнително бактерии кои децата при самото вдишување ќе ги вдишат. Тоа се бели дробови кои не се добро развиени. Имаат одбрамбени механизми, но не се толку изразени. Веројатно стапката на сезонски заболувања ќе биде зголемена во овој период од самите маски. Кислородот кој го вдишуваат ќе биде намален. Долгорочни последици ќе има, а какви никој не знае. Може нема да се види за месец дена, но понатаму ќе има последици, времето ќе покаже, изјави д-р Драгана Емел – Маркоска, педијатар.

Дополнителен проблем е дали децата на таа возраст знаат како да ја носат маската и дали ќе може една наставничка цело време да ги надгледува.

-На колку часови ќе ја менуваат маската, маската не треба да биде допрена. Треба да се смени и друга да се носи. Дали дечињата ќе можат сами да си извадат друга маска. Тоа е момент кој не можеме да го предвидиме. Полошо е маската цело време да се вади и става, смета педијатарот д-р Драгана Емел Маркоска.

Педијатарот Драгана Емел Маркоска смета дека додека дозволува времето и нема загадување подобро почесто да се проветрува училницата отколку да се носат маски 8 часа.