Балкан
21. јуни 2017 - 13:31

Родителите во кома, малиот Марко ги довикува: Мамо, тато ќе одиме ли на море?

Милош Макша од Врбас загина, додека неговите родители и помалиот брат се тешко повредени во страотна несреќа која им се случи додека со автомобил оделе на море во Грција, преку Бугарија.

Каде се мама и тато? Сакам кај нив. Дали ова значи дека нема да одиме на море? - повторуваше Марко Макша во болницата во Бугарија, во кој е сместен по сообраќајката во кога загина неговиот брат Милош, а родителите Иштван и Дравка се тешко повредени.

Го презедоа настраданиот

Според зборовите на полицијата, детето вчера утро е отпуштено од болница.

-За среќа, немаше повреди. Покрај него цело време беше работник од амбасадата за кого малечкиот се врзал. Минатата вечер роднини на семејството Макша го презедоа малиот Марко, како и телото ан настраданиот Милош, кого ќе го погребат, објаснува соговорник.

Тој додава дека здравствената состојба на Иштван и Дравка не е сменета.

-Лекарите ги држат во вештачка кома зошто повредите кои ги здобиле се многу сериозни. Ова е страшна трагедиоја, вели извор.

Инаку, семејството доживеа несреќа во близина на Благоевград, додека оделе на море во Грција. Наводно, тие одлучиле за Грција да патуваат преку Бугарија за да ја избегнат гужвата во Македонија.

Во несреќата е повредено и семејство од Бугарија кое се наоѓало во автомобилот со кои Србите се судриле.

Му се слошило на возачот

-Се сомнева дека на Макша му се слошило во текот на возењето или се уморил, па поради тоа удрил во Бугарите. Најтешко поминала Дравка, која има повреди на вратните пршелени, челото и отворена скршеница на ногата. Иштван има повреќекратни скршеници и се наоѓа на одделението за реанимација, пренесоа бугарските медиуми.

Роднините на семејството Макша раскажаа дека за оваа трагедија дознале дури вечерта, како и тоа дека полицијата го известила таткото на Иштван дека внукот му настрадал.

Хронологија на трагедиите во кои настрадаа српски државјани

-јули 2016 -Љубиша В. (55) од Белград загина, а неговата сопруга Ивана В. и трите малолетни деца се повредени кога неговиот автомобил удри во ограда на автопатот кон Демир Капија

-Август 2015 - Сопругата и двете деца на протоерејот ставрофот Радивој Паниќ настрадаа во несреќа кај Демир Капија додека одела на патување во Грција.

-Јули 2014 - Осуммесечниот Андрија Милинковиќ и неговиот стрико Никола (24) загинаа во сообраќајка кај Демир Капија.

-Јули 2013 -Матија Шушњевиќ настрада исто така во судар на автопатот во Македонија.