Македонија
4. January 2019 - 16:33

Родителите со претставки до народниот правобранител, „Меѓаши“ бара почитување на правата на децата

Народниот правобранител будно ќе ја следи состојбата со епидемијата на морбили. Обусманот отворил предмет за да се утврди дали се исполнети предусловите за вакцинација на децата во поликлиниките и дали работат со  соодветен персонал. Пристигната е и првата претставка од родител кој се пожалил дека му е  ускратеното правото да го згрижи детето во градинка. Голем број граѓани се јавувиле за да се информираат дали има повреда на правата и да се советуваат како да постапат. Според народниот правобранител  непходно е да се усогласи законската регулатива која ги опфаќа правата и обврските поврзани со имунизацијата.

Од МЕЃАШИ сметаат дека потребна е поголема одговорност од министерството за здравство. Според првата детска амбасада не е можно министерот да води поголема грижа за децата од самите родители. Змијанац потенцира дека се што се прави кампањски е проблематично а за отпорот на родителите кон вакцинирањете  вели дека е оправдан. Стравот кај нив се јавува бидејќи не добиваат точни информации од здраствените власти и неусогласените ставови меѓу педијатрите и матичните лекарите.

Според МЕЃАШИ со изречената  забрана за згрижување на невакциниран деца во градинките се прекршени повеќе детски права.